>
ОПИС
Објект е
на четири нивоа: сутерен/подрум, приземје, спрат и поткровје.
Приземјето во однос на теренот е подигнато за 0.80м. Приземјето, катот и поткровјето се испланирани за живеење со по две станбени единици додека сутеренот е со деловен простор. Има одвоено внатрешно скалишно јадро за комуникација на сите спратови и подрумот . Деловниот простор има посебен пристап и влез. Градбата е од армирано бетонска конструкција т.е скелетен систем на градба со современи градежни материјали прва класа.

ВИД НА ГРАДБА со која се разликуваме драстично од конкуренцијата

- ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ А+ КЛАСА ЗА НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА СО ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА
- Изградба на надворешни и внатрешни преградни ѕидови од "YTONG" блок со дебелина од 20cm и 15cm;
- ТЕРМОИЗОЛИРАН ПОД со подна изолација од "Стиродур" 3cm;
- ТЕРМОИЗОЛИРАНА ФАСАДА со 10 cm надворешна изолација - "Демит" фасада со двослојна "грунд" подлога и акрилен фасаден "абрип";
- ТЕРМО ИЗОЛИРАН КРОВ - изолација "парна брана", тервол, дасчена отплата со парапропусна фолија, метален кровен сендвич панел 5cm;
- ФАСАДНА СТОЛАРИЈА ОД НИСКОЕМИСИОНО СТАКЛО И ПВЦ ПРОФИЛ од брендот "Рампласт" профил кој има 6 комори со вградено 4 сезонско стакло 4х16х4;
- ДРВЕН ПОД ПАРКЕТ од брендот SCHEUCHER
- ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА И ГАЛАНТЕРИЈА ОД ЕВРОПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ (МОДУЛАРНА ПРОГРАМА);
- СТРОГО КОНТРОЛИРАН ВЛЕЗ СО ДОМОФОН;
- ИНСТАЛАЦИЈА ЗА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ;