Локацијата на вашиот Нов Дом е во центарот на градот Штип на само 5, 10 минути до сите важни објекти и установи, за едно одлично модерно и современо домување и тоа не со автомобил туку со одење пеш. Како на пример:
Сега се прашувате каде е тука заштедата нели? Сега ќе ви објаснам...
Замислете, цело време додека ги разнесувате вашите деца во градинка или училиште, додека уживате во пазарувањето или шетањето низ градот, на шеталиштето на реката Отиња, во паркот или во зоолошката градина, вашиот автомобил е паркиран дома и наместо да ве троши и да го трошите вашето време, нерви и пари вртејки кругови низ градот и барајќи место за паркирање на вашиот автомобил, истиот е паркиран дома и ви штеди и време и гориво и пари.
Всушност сега имате повеке време да пројдете со вашата фамилија и наместо да трошите на гориво, вие сега ќе ја уживате вашата заштеда со фамилијата.
Ова погоре го разбираат стручњаците, а за најголем дел од луѓето како нас во превод значи:
Наместо да ги трошите вашите пари за скап огрев во време кога сите велат струјата ќе поскапи, горивото ќе расте, ќе има енергетска криза, ваква криза онаква криза, итн. вие всушност, заштедувате дури 30% годишно од буџетот за греење и ладење. Вака, оваа заштеда сега можете да си ја потрошите на пример на некое егзотично патување за кое навистина ќе ви треба автомобил и ќе уживате во квалитетно поминато време со фамилијата.
Има смисла нели?
Факт бр. 3
Објектот е само со 4 станбени единици односно приземје и два ката. Убавината во ова не мора да ви ја објаснувам многу, нели? Ова си се подразбира само по себе.
Нема гужви, галами, комшии... лифтот не работи... не е мое ѓубрето твое е и сл. Нема одење на работа намуртен зошто ве изнервирале уште пред да си кажете "добро утро".
Се прашувате каде е тука заштедата со пари нели, бидејќи целиот муабет до сега е за заштеда на вашите пари?
Епа вака: поголема заштеда од вашите нерви и време поминато во дообјаснување со комшиите мислам дека нема...
Наместо тоа вие сега сте насмеани секое утро, исполнети со позитивна енергија, среќни во новиот ден.