Квалитет кој зборува за себе
СТАБИЛНОСТ И КВАЛИТЕТ
сеизмички стабилен дом, цврста изградба со одличен квалитет според најновите трендови и стандарди
ИНОВАТИВНОСТ И ДИЗАЈН
модерна архитектура за дом кој изобилува со природна светлина покрај зелена околина
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
економично и здраво домување со поголема заштеда на топлинска енергија во дом со енергетска ефикасност од класа А+
ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА
за мирен и тивок дом, заштитен од „звучно загадување“, имун на бучните соседи и градската врева во урбаната зона
Нашите објекти сами говорат за квалитетот на материјалите кои се користат во градбата, како и во внатрешното и надворешното уредување. Секој дел од нашите објекти е покриен со материјали од врвна класа кои се тука да им служат долго време на вашите потреби.
Фасада
“Демит” енергетски еафикасна фасада со 10 cm графитен стиропор.
Една од најважните предности на демит фасадата е нејзината подобрена енергетска ефикасност. Изолациониот материјал го намалува губитокот на топлина во зима и спречува прекумерно загревање во лето, што резултира со значителни заштеди на трошоците за греење и ладење.
Висококвалитетните материјали што се користат во демит фасадите се отпорни на временски услови, УВ зрачење и механички оштетувања, што го продолжува животниот век на зградата.
Покрај топлинската изолација, демит фасадата помага и во намалувањето на надворешната бучава, подобрувајќи го квалитетот на животот во зградата.

Прозори и врати
Прозорците се изработени од шесткоморен ПВЦ профил од реномиран производител
Влезната врата е безбедносна со брава против кражба, со метална конструкција и завршна обработка од композитен материјал;
Внатрешните врати се со стандардни димензии, висок квалитет и завршна обработка;


Ѕидови и подови
Конструкцијата е бетонска, изградена со термо блок на надворешните ѕидови и нечујни преградни блокови внатре и помеѓу становите, конечно малтерисани и обоени;
Преградните “сендвич” ѕидови помеѓу становите се од термо блок, конечно малтерисани и обоени.
Внатрешните се ѕидани преградни ѕидови од термо блок, малтерисани, конечно обоени.
Дневната соба и спалните соби, имаат таркет.
Влезот во станот, ходниците, подовите и ѕидовите во бањата се покриени со висококвалитетна керамика од реномиран производител;

Купатила и кујни
Бањите се опремени со санитарна опрема- сантерија, славини за туширање, стаклени паравани од реномиран производител;
Подовите и ѕидовите во бањите како и подовите под и пред кујнските елементи се обложени со керамика од реномиран производител;
Кујните се опремени со приклучоци за поврзување со инсталации;


Лифтови
Нашите лифтови се со иновативна технологија и паметни системи со цел да овозможи побрзо и попрецизно движење низ објектот
Овие решенија гарантираат оптимална ефикасност, удобност и безбедност при секое користење
